19-годишниот фудбалер на Барселона, Фаје, го привлече вниманието на Манчестер Јунајтед, Баер Леверкузен и Интер, објави денеска – „Дејли Меил“.
Скаутите на Јунајтед три месеци го следат напредокот на талентираниот фудбалер. Германците и Италијанците исто така имаат доволно податоци за него. Фаје се пресели кај Каталонците во летото 2023 година за 1,5 милиони евра од хрватскиот клуб Кустошија.
Тој има договор до 2027 година а неговата трансферната сума е околу 25 милиони фунти. Сенегалецот одигра 24 натпревари за вториот тим на Барса и успеа да постигне 3 гола.