Екипата на Барселона е заинтересирана за напаѓачот на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс, тврди новинарот Рубен Урија.
Феликс пристигна во „Ванда Метрополитано“ летото 2019 година за рекордни 120 милиони евра, но никогаш досега не успеа да го достигне својот целосен потенцијал. Поранешниот играч на Бенфика никогаш не одговори на профилот на играч кој тренерот Диего Симеоне сака да го има.
22-годишниот Португалец има речиси 100 натпревари за „јорганџиите“, постигнувајќи само 22 гола, од кои само три оваа сезона.
Поради оваа причина, Барселона може да му даде излез на Феликс. Каталонците се во потрага по нов централен напаѓач, бидејќи Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд тешко дека може да се пресели на „Камп Ноу“.