Тимот на Барселона се насочи кон уште еден дефанзивец од Серија „А“. Откако од Интер не сакаа да водат преговори со каталонците за продажба на Милан Шкринјар, па затоа сега раководството на Барселона влезе во контакт со своите колеги од Наполи за трансфер на Калиду Кулибали, објави „Мундо Депортиво“.
Наполи одговори дека се подготвени да го ослободат својот фудбалер и тој да се пресели на „Камп Ноу“, но не за помалку од 65 милиони евра. Овој одговор ги олади амбициите на Барселона, кои сè уште бараат централен дефанзивец.
Ернесто Валверде сака да ја засили конкуренцијата во дефанзивната линија со оглед на неколку повреди и општо слабата форма на дефанзивците на „Камп Ноу”. За да го привлече Шринјар, Барса ќе мора да ја подигне својата понуда за да ги исполни финансиските побарувања на Интер.