Желбата на голманот Јаспер Силесен да ја напушти Барселона го натера клубот да бара нова голман кој ќе биде резерва за Марк-Андре Тер Штеген.
Според весникот „Марка“, шампионот на „Ла Лига“ повторно се насочува кон Борусија (Менхенгладбах), од каде што го зедоа нивниот сегашен прв голман. Целта овој пат е Јан Зомер, кој во 2014 година беше привлечен од страна на Германците како замена за Тер Штеген. За германските медиуми смаиот голман на Борусија потенцирал деа во моментов не размислува за тоа:
„Не сакам ништо да зборувам на оваа тема сега. Имам други работи за кои мислам во моментов“ изјавил Зомер.