Екипата на Барселона ја потврди лошата вест за која се пишуваше изминативе неколку дена. Серхио Кун Агуеро има повреда и ќе го пропушти стартот на сезоната.
Аргентинецот дојде од Манчестер Сити како слободен играч за да го засили нападот, но тренерот Куман ќе мора без него да започне во нападон на стартот на сезоната. Агуеро има повреда на задниот мускул и ќе биде надвор од терените околу десет недели или два месеци. Отсуството на Агуеро ќе биде хендикеп за Барселона, посебно сега кога се знае дека барселона остана без својата прва ѕвезда Лионел Меси.
Во офанзивниот дел, главниот збор ќе треба да го има Мемфис Депај кој одлично се снајде на вчерашниот натпревар со Јувентус и беше стрелец на првиот го во победата од 3:0. Шпанска Примера стартува овој викенд, а Барселона ќе игра против Реал Ссиедад.