Бекот на Барселона, Серхи Роберто ќе биде надвор од составот на тимот поради дислокација на рамото. Според изданието „Марка“, играчот ќе отсуствува од четири до шест недели и нема да игра за Каталонците до Светското првенство во Катар.
Шпанскиот дефанзивец се повреди во 85. минута од натпреварот со Атлетик Билбао (Каталонците победија со 4:0), играчот мораше да го напушти теренот само со медицинско возило. После тоа, Барселона средбата ја одигра со десет играчи, бидејќи тренерот на тимот Чави дотогаш ги имаше искористено сите пет замени.
Серхи Роберто е уште еден од фудбалерите на Барселона кои имаа повреди од почетокот на сезоната. Претходно поради разни повреди од терените испаднаа Мемфис Депај, Роналд Араухо и Андреас Кристенсен.