Напаѓачот на Челзи, Пјер-Емерик Обамејанг може да се врати во Барселона во летниот преоден рок, објави шпанскиот „Sport.es“.
Сепак, шпанскиот клуб е подготвен да го ангажира 33-годишниот фудбалер само со слободен трансфер. Обамејанг, кој не е дел од плановите на Челзи, е во преговори за раскин на договорот, но тие се уште не се успешни.
Пјер-Емерик Обамејанг беше играч на Барселона од јануари до август 2022 година. На 24 натпревари за тимот од Каталонија, габонскиот напаѓач има 13 гола и асистенција. Обамејанг оваа сезона игра во Челзи кој за него плати 12 милиони евра. Во 21 настап за сините има три гола и една асистенција.