Барселона има намера да го продава дефанзивецот Самуел Умтити, објавија медиумите во Шпанија.
Според истите извори, каталонскиот клуб го проценувал фудбалерот на 50 милиони евра. На раководството на Барселона не и се допаднала одлуката на Французинот да одбие операција во лекувањето на повреда на коленото.
Претходно беше објавено дека Манчестер Сити и Јувентус покажаа интерес за одбрандбениот играч. Умтити се приклучи на каталонскиот клуб во летото 2016 година од Олимпик Лион за 25 милиони евра. Во сезоната што заврши 25-годишниот фудбалер, учествувал на 15 натпревари за својот клуб. Денес, вредноста на трансфер пазарот на играч се проценува на 70 милиони евра.