Раководството на Барселона очекува да ја дознае одлуката на Роберт Левандовски околу можноста за негов трансфер на „Камп Ноу“. Полскиот напаѓач е една од опциите за Каталонците во текот на летниот преоден рок.
Претставници на клубот одржале две средби со агентот на напаѓачот Пини Захави и одлуката на самиот Левандовски се очекува во наредните недели. Од Барселона практично се во постојан контакт со Захави и клубот е целосно информиран за сите чекори што ги презема Левандовски.
Главната грижа во Барселона е дека Баерн Минхен може да му понуди нов договор на полскиот голгетер.