Раководството на Барселона е подготвено да се раздели со напаѓачот Мемфис Депај, објави „АС“. Според изворот, Каталонците ќе се согласат да го продадат играчот доколку им бидат понудени околу 25 милиони евра за него.
Тренерот на Барселона, Чави Хернандез даде зелено светло за продажба на играчот. Тој смета дека не му е потребен на тимот. Раководството на клубот веќе го известило агентот на Депај за одлуката. Веднаш по ова, претставници на фудбалерот од Холандија почнале да бараат нов клуб за него.
Актуелниот договор на Депај со Барселона истекува следното лето. Затоа, за една година може да стане слободен агент. Чави очекува Барселона да потпише со Рафиња. Тогаш тренерот ќе има доволно опции во напаѓачката линија.