Барселона денеска треба да го објави потписот со германскиот репрезентативец од Манчестер Сити, Илкај Гундоан.
Според „Мундо Депортиво“, клубот денеска има намера да се огласи за трансферот на капитенот на Манчестер Сити. Минатата среда беше потпишан договорот со играчот, а директорот на Барселона, Матеу Алемани, одлета во Минхен за да ги потпише документите.
Договорот е на 2+1 година. Активирањето на опцијата за продолжување ќе зависи од бројот на натпревари кои Гундоан ќе ги одигра во втора сезона во дресот на Барса.

