Напаѓачот на Барселона, Рафиња би можел да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија. Според новинарот Ашраф Бен Ајад, Каталонците добиле понуда за 26-годишниот Бразилец.
Рафиња е во Барселона од минатото лето. Актуелниот договор на играчот е до 2027 година. Според информациите Барса за него ќе бара најмалку 60 милиони евра.
Засега не се споменува ниту клубот од С. Арабија кој е заинтересиран за Рафиња, ниту висината на понудата која стигнала во канцеларијата на Каталонците.