Интересна ситуација се случи синоќа кога требало да се одржи прес-конференцијата на екипата на барселона како најава на второто полуфинале од шпанскиот Суперкуп.
Екипата на Барселона доцнела на оваа прес-конференција поради проблеми со пристигнувањето на стадионот. Тренер Ернесто Валверде и играчот од средниот ред Серхио Бускетс требаше да зборуваат на прес-конференција во 17:45 часот по локално време, но возачот на автобусот се збунил и ги однел на стадионот „Кинг Абдула Спорт“ (тренингот и прес-конференција се одржувале на стадионот Ал-Итихад) , по што автобусот се заглавил во сообраќајот и изгубиле драгоцено време.
„Сега го познаваме градот малку подобро. Имаше мала грешка. Отидовме на стадионот каде се сретнаа Реал Мадрид и Валенсија. Возачот го сфати ова пред да пристигнеме, но потоа се заглавивме во сообраќајот и затоа доцневме на тренингот и прес-конференцијата“, изјави Валверде.
Натпреварот од 1/2 финалето на шпанскиот Суперкуп Барселона – Атлетико Мадрид ќе се одигра вечерва на стадионот „Кинг Абдула Спорт Сити“ во Џеда.