Барселона постигна договор со Ајакс за младиот играч од средниот ред на оваа екипа Френки де Јонг, тврди „Ел Мундо Депортиво“.
Талентираниот играч сепак ќе пристигне на „Камп Ноу ” во текот на летото 2019 година, идејата во договорот помеѓу двата тима е тој да игра уште една сезона на „Амстердам Арена”. Договорот на овој млад и талентиран играч со Ајакс истекува во 2022 година, а двата тима постигнаа договор за него.
Френки де Јонг е еден од најголемите таленти во тимот и успеа да одигра 25 натпревари за првиот тим и 50 за вториот тим на Ајакс. Тој исто така е младински репрезентативец на Холандија.