Сигурно сте се запрашале кој е клубот кој најмногу заработува од спонзорски договорит. Барселона е клубот кој ужива најголеми приходи од спонзорски договори во европскиот фудбал, покажува анализа на авторитетното финансиско издание „Форбс“.
Каталонците заработуваат 247 милиони долари по сезона само од спонзори, што е многу повеќе од оние кои се наоѓаат на второто и третото место на ова рангирање Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.
„Црвените ѓаволи” и „Кралскиот клуб се единствените други клубови кои ја поминуваат бариерата од 200 милиони долари. За разлика од нив, сепак, Барса бележи скок со 15 милиони долари во однос на приходите, додека Јунајтед има пад за 12 милиони долари, а Реал со 16 милиони долари.
Само од својот договор со американскиот спортски концерн „Најк” шпанскиот шампион добива 116 милиони долари по сезона, се вели во оваа информација на „Форбс“. Вреди да се спомене дека првите десет се составени од шест клубови во Премиер лигата. Исклучок се Барса, Реал, петтиот Баерн и шестиот ПСЖ кои се меѓу овие најдобри 10 клуба.
Еве ги Топ 10 клубовите кои добиваат најмногу пари од спонзори:
1.Барселона – 247 милиони долари
2.Манчестер Јунајтед – 202 милиони долари
3.Реал Мадрид – 200 милиони долари
4.Челзи – 135 милиони долари
5.Баерн Минхен – 121 милиони долари
6.ПСЖ – 100 милиони долари
7.Арсенал – 94 милиони долари
8.Ливерпул – 92 милиони долари
9.Тотенхем – 81 милион долари
10.Манчестер Сити – 78 милиони долари