Фудбалерот од средниот ред на Челзи, Н’Голо Канте може да ја продолжи кариерата во шпанската Ла Лига. Барселона покажува интерес за 31-годишниот Французин, објавија дел од медиумите во Шпанија.
Според нив, Канте е една од трансфер целите на каталонскиот гигант. Претходно во медиумите се појави информација дека Челзи нема да го продолжи договорот со Н’Голо Канте, иако актуелниот договор истекува на крајот од сезоната 2022/23. Еден од аргументите на лондонскиот клуб е повредата на ѕвездата од средниот ред.
Во моментов играчот има одиграно само два натпревари во сезоната 2022/23. Последен пат играше на теренот на 14 август пред да се повлече со повреда на колкот.