Каталонскиот тим Барселона е заинтересиран за услугите на играчот на лондонскиот Арсенал, Матео Гуендузи.
Од Барса веќе започна со преговори со „Топџиите“ за трансферот на 21-годишниот Французин, пренесуваат медиумите во Шпанија. Цената на Гуендузи, кој игра на позициите на централниот играч и одбранбен играч од средниот ред, е проценета на 40 милиони евра.
Барселона му понуди на Арсенал да го размени Матео Гуендузи за Филипе Кутињо, но беше одбиено. Каталонскиот клуб сега ги вклучи Иван Ракитиќ и Артуро Видал во новата верзија на предлог договорот.
Гуендузи му се приклучи на Арсенал од Лориент во летото 2018 година за 8 милиони евра. Договорот на Французинот важи до 30 јуни 2022 година.
Во сезоната 2019/20, Матео им помогна на „Топџиите“ на 34 натпревари на во сите натпреварувања и имаше 3 асистенции. Во последно време тој има несогласувања со менаџерот Артета и тоа е причината за неговата можна продажба.