Барселона може да го ангажира Езекиел Гарај, објави весникот „АС“.
Според изворот, клубот го гледа 34-годишниот Аргентинец како замена за повредениот Жерард Пике. Да потсетиме, Пике се повреди на мечот од 10. коло на шпанскиот шампионат со Атлетико Мадрид (0:1). Дефанзивецот беше заменет во 62-та минута од средбата, а подоцна на Пике му беше дијагностицирано истегнување на внатрешниот страничен лигамент од 3-ти степен и повреда на предниот вкрстен лигамент на десното колено.
Гарај може да се приклучи на каталонскиот клуб како слободен агент. Летото, фудбалерот ја напушти Валенсија откако му заврши договорот.

