Барселона е на пат да донесе уште едно ново бразилско засилување. Како што објавија каталонските изданија, фудбалерот на Гремио, Артур, е на пат за Барселона.
Износот на договорот ќе биде во висина од 39 милиони евра. Младиот 21-годишен Бразилец ќе им се приклучи на каталонците ова лето, а не во јануари, како што беше објавено претходно.
Одлуката веројатно е променета по заминувањето на Иниеста и отвореното место во средниот ред на Ернесто Валверде.