Барселона е во потрага по замена за крилниот напаѓач Феран Торес , кој наскоро може да го напушти клубот. Според одредени извори, каталонскиот клуб размислува како замена да го донесе бразилскиот напаѓач Габриел Мартинели, која настапува за лондонскиот Арсенал. Во исто време Милан исто така е заинтересиран за Мартинели.
Бразилскиот фудбалер се уште не го обновил договорот со Арсенал, кој истекува во летото 2024 година. Доколку Мартинели дојде во Барселона, тоа би можело да му ја отвори вратата на Феран Торес да премине во Јувентус, кој ја следи ситуацијата со Шпанецот.
Претходно се појави информација дека скаутите на Барселона го следат Мартинели, кој настапува во бразилската репрезентација на Светското првенство во Катар. На три натпревари 21-годишниот фудбалер не постигна гол, а немаше и асистенција.