Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ, ќе добие дозвола да си замине доколку пристигне понуда од Барселона, најавија медиумите во Англија.
Српскиот интернационалец не влегува во плановите на тренерот, Оле Гунар Солскјер а Каталонците по секоја цена сакаат да го ангажираат во текот на зимскиот трансфер период.
33-годишниот играч кој во 2017 година го напушти Челзи и се пресели на „Олд Трафорд“, има договор до јуни во 2023 година. Неговата трансферна вредност се движи од 8-10 милиони евра.