Извршниот директор на Барселона, Матеу Алемани потврди дека повеќе нема да сметаат на Осман Дембеле откако тој одби да потпише нов договор.
Каталонците се надеваат дека овој месец ќе премине во друга екипа, бидејќи на лето ќе биде слободен играч.
„Разбираме дека одлуката на Дембеле не е да остане со нас“, рече Алемани. „Веќе му кажавме за нашата одлука дека повеќе нема да сметаме на него. Сакаме да има само играчи кои се посветени на клубот. Му кажавме на Дембеле дека треба да си замине што е можно поскоро. Во јули почнавме преговори за неговиот нов договор, сепак, нашите понуди постојано беа одбивани од неговиот агент. Стана јасно дека тој не сака да продолжи да биде дел од клубот. Неговиот трансфер го очекуваме овој месец“ изјави Алемани.