Барселона постигна договор со Атлетико Мадрид да го позајми напаѓачот Жоао Феликс на една сезона.
Според одредени извори позајмицата на 24-годишниот португалски фудбалер ќе го чини тимот на Барселона 10 милиони евра, а клубот ќе плати и 70% од неговата плата. Барселона ќе мора да го купи Феликс следната сезона за 50 милиони евра. Вчера, Феликс даде изјава за неговата желба да игра за Барселона. Играњето за Каталонците го нарече детски сон. Атлетико Мадрид реагираше негативно на ваквите зборови, велејќи дека агентот на Феликс ги знае условите за неговиот клиент да го напушти тимот.
Да напоменеме дека Жоао Феликс има конфликт со главниот тренер на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне и тоа беше главната причина за неговото заминување од клубот.