Ињиго Мартинез од денеска е ново засилување на Барселона. 32-годишниот дефанзивец беше поврзуван со каталонскиот клуб од поодамна, но денеска трансферот е официјализиран и тој ќе биде фудбалер на Барса до јуни 2025 година.
Неговата клаузула за предвремено заминување ќе биде 400 милиони евра. Мартинез пристигнува во Барселона како слободен играќ бидејќи оваа сезона ги заврши настапите за Атлетик (Б).