Бекот на Севиља, Клемент Ленгле следното лето би можел да стане играч на Барселона, тврди каталонскиот весник „Спорт“.
Каталонскиот клуб има намера да го купи 22-годишен француски дефанзивец, кој во јануари 2017 година се пресели во шпанскиот шампионат од екипата на Нанси за 4,5 милиони евра. Трансферот на играчот може да ја чини Барса 45 милиони евра, бидејќи ова е сумата во договорот која Севиља ја бара за негово заминување.