Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Барселона го следи напаѓачот Сантијаго Хименез од Феенорд
    Фудбал

    Барселона го следи напаѓачот Сантијаго Хименез од Феенорд

    risteBy riste01/11/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Шпанска Барселона го следи мексиканскиот напаѓач на Феенорд, Сантијаго Хименез, објави „ЕСПН“. Во исто време, Барселона знае дека конкуренцијата за потпис на играчот ќе биде голема, а холандскиот клуб ќе бара голема отштета.

    Оваа сезона 22-годишниот Хименез на 10 натпревари од првенството на Холандија постигна 13 гола и имаше три асистенции. Напаѓачот постигна два гола и во неговиот единствен натпревар во Лигата на шампионите против Лацио (3:1).

    Според изворот, претставниците на каталонскиот тим биле импресионирани од тоа колку брзо Мексиканецот се прилагодил на европската игра. Барселона ќе продолжи внимателно да го следи Хименез во наредните месеци, но има бројни пречки кои го спречуваат трансферот да се случи зимава.

    Поточно, клубот веќе го договорил трансферот на напаѓачот на Атлетико Паранаенсе, Витор Роке, што ја намалува потребата од дополнителни напаѓачи. Тој ќе им се приклучи во јануари или на лето.

    Многу зависи и од финансиската состојба на Барселона, бидејќи Ла Лига наметна ограничувања за трошење на клубот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.