Барселона вчера беше меѓу најактивните клубови во завршницата на преодниот рок. Каталонците успеаја да се ослободат од неколку фудбалери кои беа непотребни во составот на Роналд Куман, а меѓу нив и ѕвездата Антоан Гриезман, кого го испратија на позајмица во Атлетико Мадрид, со обврска за „јорганџиите“ да го откупат неговиот договор следното лето.
Како замена за Гризман во во нападот, Каталонците го доведоа Лук Де Јонг од Севилја, истотака како позајмен.