Тренерот на Барселона Чави ќе го продолжи договорот со каталонскиот клуб до 2025 година. Во текот на денот ќе биде потпишан нов договор меѓу двете страни, информира авторитетниот инсајдер Николо Шира на својот Твитер профил.
Да потсетиме, Чави ја презеде Барселона во ноември 2021 година, потпишувајќи договор со тимот до летото 2024 година. Чави претходно беше тренер на катарскиот клуб Ал-Сад каде ја заврши играчката кариера.
Актуелниот договор на шпанскиот стручњак со клубот истекува во летото 2024 година. Минатата сезона Барселона под негово водство стана шампион на Шпанија и го освои Суперкупот на земјата.