Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Усман Дембеле сака да остане во каталонскиот клуб бидејќи сака да работи со тренерот Чави, тврди новинарот Фабрицио Романо. Следниот состанок меѓу агентот на играчот и управата на клубот ќе се одржи денеска за да се разговара за неговата иднина.
Барселона сака да го задржи играчот, затоа што Чави исто така е задоволен од играта на Дембеле. Фудбалерот е подготвен да ја намали платата за да остане на „Камп Ноу“.