Шпанскиот гигант Барселона контактирал со Јувентус за да разговараат за потенцијална размена на Антоан Гризман со Пауло Дибала, тврди францускиот „Л‘Екип“.
Во последно време, Каталонците преговараат со Атлетико Мадрид за размена на Гризман за играчот за врска на Атлетико, Саул Нигес, но се чини дека договор нема да биде постигнат. Доколку 27-годишниот Дибала се пресели на „Камп Ноу“, тој ќе им се придружи на своите сонародници од Аргентина, Лионел Меси и Серхио Агуеро. Вториот потпиша со Барса ова лето како слободен агент откако долги години го носеше дресот на Манчестер Сити.
Дибала немаше многу успешна сезона во Серија А, постигнувајќи само 4 гола на 20 натпревари во италијанскиот шампионат. Гризман постигна 20 гола и 13 асистенции за Барселона на 51 натпревар во сите натпреварувања во сезоната 2020/21.