Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Барселона и Реал мадрид ќе влезат во битка за Едисон Кавани
    Фудбал

    Барселона и Реал мадрид ќе влезат во битка за Едисон Кавани

    risteBy riste07/10/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Барселона и Реал Мадрид би можеле да влезат во трансфер битка за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Единсон Кавани. Договорот на 34-годишниот Уругваец истекува на крајот на сезоната и тој станува слободен играч. Токму тоа го привлече вниманието на двата шпански гиганти, пишува „Ел Национал“.

    Кавани минатото лето беше на чекор до разделба со „црвените ѓаволи“, а се зборуваше дека ќе замине во насока на Бока Јуниорс. Сепак, тој остана на „Олд Трафорд“. Сепак, доаѓањето на Кристијано Роналдо во клубот не го израдува Уругваецот, кој е свесен дека ќе добие помали шанси за настап на сметка на Португалецот. Затоа, тој може да ги разгледа можните понуди за трансфер во јануари.

    Во последните денови се зборуваше за интерес на Реал Мадрид за Кавани, а сега Барселона е подготвена да се вклучи во борбата за напаѓачот. Се вели дека двата клуба ќе се обидат да го позајмат во јануари, а потоа да потпишат траен договор во текот на летото. Кавани минатата сезона на „Олд Трафорд“ постигна 17 голови во сите натпреварувања. Сепак, тој исто така беше измачуван од повреда до неодамна и сеуште не успеа да постигне гол за време на тековната сезона.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Алмерија и Висенте Морено се разделија по лошите резултати на тимот

    29/09/2023

    ФК Вардар: Постои потенцијален инвеститор, но државата не реагира на нашите барања

    29/09/2023

    Стив Брус ќе биде нов селектор на Р. Ирска?

    29/09/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Алмерија и Висенте Морено се разделија по лошите резултати на тимот
    • ФК Вардар: Постои потенцијален инвеститор, но државата не реагира на нашите барања
    • Рустемовски освои бронза на Балканското првенство
    • Стив Брус ќе биде нов селектор на Р. Ирска?
    • Мурињо: Ова е најлош почеток на една сезона во мојата кариера
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.