18 декември (среда) е датумот кој беше избран од Барселона и Реал Мадрид за термин на нивниот 10-ти натпревар во „Ла Лига“.
Оваа средба требаше да се игра на 26 октомври, но проблематичната состојба во главниот град на Каталонија не дозволи да се одржи „Ел Класико“ во овој период.
Кралската шпанска федерација им нареди на двата клуба да се договорат за датумот до понеделник (21 октомври). Од „Камп Ноу“ и „Сантијаго Бернабеу“ реагираа многу брзо и дадоа официјални соопштенија со објавување на истиот датум – 18 декември.
Сега на потег е „Ла Лига“ и федерацијата да го потврдат датумот и да одредат точен термин за одигрување на средбата.