Тренерот на Барселона Ернесто Валверде и раководството на каталонскиот клуб се договорија за нов договор, објавија од „Камп Ноу”.
Стратегот ќе потпише договор до летото 2020 година, со можност за уште една сезона. Формалното овој настан ќе се случи денес и тоа на стадионот „Камп Ноу”.
Сегашниот договор на тренерот истекува на крајот на сезоната и имаше големи прашалници дали тој ќе остане по летото. Валверде застана на чело на „каталонците” во текот на летото 2017 година и во првата сезона ја освои шампионската титулата и Купот на кралот, како и Суперкупот на Шпанија неколку месеци подоцна.
До моментов тренерот има 96 официјални средби на клупата на Барселона, 65 од од нив ги завршил со победа. Интересно е тоа што од сите натпревари има само 9 порази.