Раководството на Барселона ја разгледува можноста да го привлече дефанзивецот на Манчестер Сити, Нејтен Аке, по поволна цена за време на јануарскиот преоден рок. Каталонскиот клуб бара нов централен дефанзивец за следниот месец и моментално го истражува пазарот во Премиер лигата за соодветни опции, пишува „Спорт“.
Прв избор на Барса беше дефанзивецот на Нотингем Форест, Муриљо. Сепак, обидите да го привлечат беа неуспешни. Раководството на Нотингем Форест постави цена од 100 милиони фунти за бразилскиот интернационалец и инсистира дека нема да разгледува понуди пред летото.
Па така, од „Камп Ноу“ го насочија своето внимание кон Аке, кој би бил многу поприфатлива опција. Манчестер Сити е подготвен да разговара за договор за Холанѓанецот, кој оваа сезона има помала веројатност да биде во почетниот состав.
Според информациите, Барселона е подготвена да започне преговори со Сити за почетна позајмица на холандскиот интернационалец со опција за откуп. Сити е исто така подготвен да седне на преговарачката маса, сè додека добие доволно интересна понуда.

