Дефанзивецот на Челзи, Андреас Кристенсен би можел кариерата да ја продолжи во Шпанија. Ова го објави новинарот Фабрицио Романо на својот Твитер профил.
Тој активно преговара со Барселона, која ја подобри понудата за договор. Каталонците му нудат на Данецот петгодишен договор, бидејќи Чави во дефанзивецот гледа клучен играч во структурата на тимот.
Кристенсен е играч кој потекнува од школата на Челзи и е во сениорскиот тим од 2014 година. Во актуелната сезона од англиската Премиер лига, данскиот дефанзивец учествуваше на 14 натпревари и не постигна гол, а неговата пазарна цена се проценува на 35 милиони евра.