Играчот на Челзи Вилијан ќе добие понуда од Барселона во јануари следната година, пренесува „Дејли мирор“.
Бразилскиот играч од средниот ред е под договор и најверојатно ќе го напушти Челси по крајот на сезоната, а Каталонците веќе подолго време се кандидат за неговиот потпис, па дури и испратиле неуспешна понуда од 40 милиони фунти ова лето.
Весникот „Дејли Мирор“ тврди дека тренерот Ернесто Валверде сака да го привлече бразилскиот играч од средниот ред на местото на неговиот сонародник Филипе Кутињо, кој веќе игра во Баерн (Минхен) со позајмица.
Вилијан е на врвот на листа на желби на Барса, но самиот фудбалер не е прв пат посакуван на „Камп Ноу“. „Мундо Депортиво“ потсетува дека раководството на Барселона ја загуби битката со Челзи за трансфер во Вилијан пред седум години.