Барселона е многу блиску до конечно објавување на нов договор со компанијата за производство на спортска опрема Најк. Двете страни веќе имаат усмен договор меѓу нив, кој наскоро ќе биде објавен.
Новиот спонзорски договор се работи веќе некое време и од „Камп Ноу“ се надеваат дека договорот ќе и овозможи на Барселона да инкасира поголема сума на пари во клупската каса. Зделката е веќе завршена и ќе биде објавена по состанокот на делегатите, кој треба да се одржи на 19 октомври.
Се очекува Барса да добива повеќе од 100 милиони евра годишно според овој договор, кој ќе биде на 10 години. Клубот, исто така, ќе добие бонус за обновување, што ќе му даде многу неопходен финансиски поттик.

