Шпанскиот гигант Барселона ќе добива околу 140 милиони евра годишно според новиот договор со техничкиот спонзор Најк. Ова го пренесува „Марка“.
Според изворот, во наредните денови двете страни треба да ги завршат преговорите за нов спонзорски договор, кој ќе биде со важност од 10 години. Општите одредби се веќе договорени. Крајниот рок за завршување на сите преговори за договорот е поставен до октомври.
Според новиот договор, Најк ќе и плаќа на Барселона околу 140 милиони евра по сезона во просек. Сепак, сè уште не се обелоденети информации за тоа колку целосно ќе се исплати во форма на бонус за потпишување. Се претпоставува дека клубот приближно може да добие бонус од 150 милиони евра веднаш, а потоа 125 милиони евра за секоја сезона.

