Дефанзивецот на Барселона, Нелсон Семедо, скоро сигурно ќе го напушти клубот по крајот на сезоната. Португалецот имаше предлог да го продолжи договорот до 2025 година, но двете страни не постигнале договор.
Раководството на Барса одби да ги исполни финансиските услови на дефанзивецот и тој веќе е на списокот на трансфери. Барселона сака да добие 40 милиони евра за Семедо. Можно е тој да биде вклучен во можен договор со Интер за Лаутаро Мартинез или со Јувентус за Миралем Пјаниќ. Со оглед на очекуваната разделба од 26-годишниот Португалец, од Барса ќе бараат нов дефанзивец на „Камп Ноу“.
Прв избор на оваа позиција е е Серхио Роберто, а позајмениот во Ница Муса Ваг нема шанси да се наметне во Барселона. Каталонците го избраа Матијас Де Шиљо од Јувентус, кој би бил добра алтернатива на Серхио Роберто. 27-годишниот дефанзивец нема да ги чини повеќе од 10 милиони евра.