Новото раководство на Барселона е оптимист дека може да ја добие големата трансфер битка за Ерлинг Халанд, која ќе се води следното лето.
Според каталонскиот „Спорт“ од „Камп Ноу“, луѓето на Норвежанецот веќе биле информирани дека тој е нивната главна цел. И покрај сите финансиски тешкотии и високата цена на напаѓачот, Жоан Лапорта смета дека овој трансфер е стратешки и витален за поставување на нов успешен почеток.
Барселона процени дека ќе има само еден врвен трансфер ова лето и тој ќе биде централен напаѓач. Сепак, пред воопшто да се појави со понуда, каталонскиот клуб ќе мора да ја собере потребната сума. За оваа цел, барем еден или двајца од сегашните играчи мора да бидат продадени, а покрај тоа раководството ќе се обиде да ги намали платите.
Според информациите, Борусија (Дортмунд) бара 180 милиони евра за Халанд. Во Шпанија, сепак, веруваат дека кризата присутна кај Борусија ќе ја намали цената и договорот би бил околу 150 милиони евра.
Реал Мадрид, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Баерн (Минхен) исто така се заинтересирани за младиот фудбалер кој е вистинска машина за голови.