Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике, се повреди на натпреварот од 2. коло на шпанската Примера со Атлетик (1:1) и прашање е колку ќе отсуствува од фудбалските терени.
Според денешните информации, на Пике му беше дијагностицирано оштетување на мускул на левата нога, а засега лекарите не прогнозираат колкав ќе биде периодот на рехабилитација.