Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Барселона ќе му даде понуда на Халанд, 5 годишен договор со 20 милиони годишна плата
    Фудбал

    Барселона ќе му даде понуда на Халанд, 5 годишен договор со 20 милиони годишна плата

    risteBy riste19/02/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Барселона е заинтересирана за потписот на напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд. Шпанскиот „Sport.es“ објави дека Барса е подготвена да ја плати клаузулата за ослободување од 75 милиони евра за Норвежанецот и да плати голема провизија на агентот на играчот, Мино Рајола. Покрај тоа, Барселона сакаат да го направат Халанд лидер на новиот проект.

    И покрај тешката финансиска ситуација, Каталонците се подготвени да му понудат на играчот петгодишен договор со плата од 20 милиони евра годишно. Ова ќе го направи Халанд најплатен играч во тимот. Халанд се приклучи на Борусија Дортмунд во јануари 2020 година, откако се пресели од Салцбург за 20 милиони евра.

    Оваа сезона норвешкиот напаѓач настапи на 14 натпревари во Бундеслигата, на кои постигна 16 гола и шест асистенции. Халанд постигна три гола на три натпревари од Лигата на шампионите. Договорот на Халанд со германскиот клуб истекува во летото 2024 година, а во моментов се проценува на 150 милиони евра.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Андреас Кристенсен поради повреда ќе го пропушти следното „Ел Класико“

    25/03/2023

    Тухел за договор со Баерн: „Подобар од 18 месеци во Челзи“

    25/03/2023

    Лукаку: можеме и подобро

    25/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Андреас Кристенсен поради повреда ќе го пропушти следното „Ел Класико“
    • Тухел за договор со Баерн: „Подобар од 18 месеци во Челзи“
    • Саинц го коментираше успехот на Ред Бул
    • Лукаку: можеме и подобро
    • Еспаргаро е хоспитализиран
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.