Еден од приоритетите за Барселона во наредните недели е да обезбеди нов договор за стартниот лев бек, Жорди Алба.
Одговорните за оваа задача се – генералниот менаџер Пеп Сегура и техничкиот секретар Ерик Абидал кои веќе работат напорно за остварување на оваа цел, а идејата на раководството е да му понудат на овој играч значително подобрени лични услови и тој да го продолжи договорот до 2023 година. Неговиот сегашен договор истекува на 30 јуни 2020 година.
29-годишниот лев дефанзивец се врати во Барселона во 2012 година, седум години откако ја беше напуштил „Ла Масија”, а потоа имаше три одлични сезони во дресот на Валенсија, со кои го привлече вниманието на неговиот матичен клуб.
Тогаш каталонците платија на Валенсија 14 милиони евра за правата на играч од сопствениот кадар, а по доаѓањето во тимот на Барселона, Жорди стана многу важен дел од составот на оваа екипа.