Шпанскиот шампион Барселона деновиве ќе навива за тоа Ајакс да не влезе во Лигата на шампионите. Доколку тоа се случи, во Каталонија треба да пристигне Френки Де Јонг, бидејќи таков договор постигнаа раководствата на двата клуба.
Барселона се согласи на условите кои ги постави Марк Оверманс, а тие се многу едноставни. Доколку Ајакс игра во Лигата на Шампионите, Де Јонг останува во Амстердам до следното лето, а дури тогаш ќе може да разговараат за трансфер. Ако Ајакс не успее да се пласира во Лш тогаш може да биде реализиран овој трансфер за кого се споменува дека треба да биде во висина од 50 милиони евра и да биде исплатена во неколку рати.
Френки Де Јонг би бил големо засилување за во иднина на Барселона бидејќи има само 21 година, а може да игра на неколку позиции што би бил идеална замена за Хавиер Маскерано. Де Јонг игра добро како централен или последен играч за врска , но многу добро може да игра и како стопер.