Бразилскиот репрезентативец од екипата на Барселона, Рафиња, ќе паузира три до четири недели поради истегнување на бутниот мускул на десната нога при победата од 1-0 над Севиља во осмото коло од шпанската Ла Лига.
Рафиња стартуваше, но мораше да биде заменет во 37. минута откако пријави повреда. Поради тоа, 26-годишниот напаѓач ќе ги пропушти најмалку следните два натпревари на каталонскиот гигант, а најверпјатно нема да биде подготвен за игра и за Ел Класико пресметката со Реал на 28 октомври.