Во рамките на 9.коло од „Ла Лига“ екипата на Барселона гостува кај Еибар, а најверојатно каталонскиот клуб ќе мора да тргне на пат кон Еибар нешто порано од предвиденото и вообичаеното време за патување.
Имено, поради демонстрациите во Барселона и целата покраина, фудбалерите на Барселона на гостувањето во Еибар најверојатно ќе заминат со автобус.
Избраниците на Ернесто Валверде ги чека 6 часовно патување до Еибар кој е оддалечен околу 600 км од Барселона. Досега фудбалерите на Барселона патуваа до Еибар со авион до Билбао, па потоа со автобус до Еибар.
Интересно е тоа што последен пат фудбалерите на Барселона патувале на еден натпревар со автобус во 2010 година кога гостуваа во Милан кај екипата на Интер.