Бразилскиот дефанзивец од екипата на Лацио, Луис Фелипе може да ја продолжи кариерата во Барселона. Ова денес го пренесе „Калчомеркато“ повикувајчи се на објавената информација од „Газета дело Спорт“.
Според изворот, каталонскиот клуб е подготвен да понуди 30 милиони евра за 23-годишниот дефанзивец. Сегашниот договор меѓу Фелипе и Лацио е со важност до летото 2022 година. Претходно беше објавено дека Баерн Минхен е заинтересиран за овој фудбалер. Во досегашниот дел од сезоната во италијанската Серија А, Луис Фелипе одигра 19 натпревари, стана автор на 1 гол и доби 5 жолти картони.
Во Лацио, Бразилецот дојде во 2016 година од клубот Итуано, но ја помина првата италијанска сезона на позајмица во Салернитана. Како дел од римскиот клуб, тој стана освојувач на Купот и Супер купот на Италија.

