Раководството на Барселона, сега управувано од привремениот претседател Карлес Тускетс, даде „зелено светло“ за трансфер на Ерик Гарсија од Манчестер Сити, пишува „Диарио Спорт“.
Иако каталонскиот клуб има проблем со голем буџет за плати, наследниците на Хозеп Бартомеу сметаат дека може да се издвојат пари за привлекување на шпанскиот централен дефанзивец.
Во јануари, од „Камп Ноу“ ќе дадат понуда вредна осум милиони евра. Доколку „граѓаните“ не се согласат, Барселона ќе почека до крајот на сезоната, кога Гарсија ќе стане слободен агент. Пеп Гвардиола сè уште се надева дека може да го убеди талентираниот фудбалер да остане на „Етихад“.
Каталонските медиуми пишуваат дека има усмен договор помеѓу дефанзивецот и Барселона и прашање на време е кога Гарсија ќе игра за Каталонците.

