Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Барселона ќе се обиде да го врати Пјер-Емерик Обамејанг
    Фудбал

    Барселона ќе се обиде да го врати Пјер-Емерик Обамејанг

    risteBy riste21/03/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Барселона ќе се обиде да го врати во своите редови поранешниот напаѓач на тимот Пјер-Емерик Обамејанг. Репрезентативецот на Габон најверојатно ќе го напушти „Стемфорд Бриџ“ на лето и се претпоставува дека потоа ќе се врати во својот поранешен клуб. Каталонците внимателно ја следат ситуацијата и се надеваат дека ќе можат да го доведат 33-годишниот напаѓач со слободен трансфер.

    Обамејанг се пресели во Лондон летото на инсистирање на Томас Тухел. Само пет дена подоцна, сепак, германскиот тренер беше разрешен од функцијата. Напаѓачот последен пат постигна гол за Челзи на 11 октомври минатата година и нема играно од 26 февруари.

    Поради финансиските проблеми, Каталонците на лето главно ќе бараат слободни трансфери со што би ги засилиле своите редови. Во моментов Барселона и Обамејанг се во одлични односи. 33-годишниот фудбалер во живо ја следеше победата на Каталонците против Реал Мадрид на натпреварот помеѓу двата тима од 26. коло од Ла Лига одигран минатиот викенд.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Лацио ги договори Берарди, се чека „амин“ од Сасуоло

    09/06/2023

    Ливерпул го договорил и второто засилување

    09/06/2023

    Конрад Лајмер е ново засилување за Баерн (М)

    09/06/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Лацио ги договори Берарди, се чека „амин“ од Сасуоло
    • Ливерпул го договорил и второто засилување
    • Миленкоски за Спортско радио 90.3 фм: Белгија и Хрватска ќе сакаат реванш, Украина ќе биде вистински евро-тест
    • АБА финалето ќе почне на 13 јуни
    • Конрад Лајмер е ново засилување за Баерн (М)
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.