Шпанскиот шампион Барселона на својата официјална интернет страница објави информација за трансферот на уругвајскиот дефанзивец од Бостон Ривер Роналд Араухо , кој е и капитенот на младинската репрезентација на Уругвај.
Со 19-годишниот фудбалер е потпишан договор, кој е со времетраење од пет сезони. Износот на трансферот изнесува 1,7 милиони евра, но земајќи ги во предвид бонусите може да се зголеми до 5,2 милиони евра. Араухо ќе ја започне својата кариера во Барселона во вториот тим. Според условите на договорот, првичниот износ на откупната клаузула ќе биде 100 милиони евра, меѓутоа, ако играчот почне да настапува за првиот тим, таа ќе се зголеми на 200 милиони евра.
Араухо дојде во Бостон Ривер од Рентистас за само 100 000 евра во јули 2017 година. Роналд настапува како централен дефанзивец. Во кариерата има одиграно пет натпревари за уругвајската репрезентација У20, во која тој е капитен на тимот.